Свет Балкан Каменос: Заев и Димитров со своите изјави ги вознемируваат Грците

Каменос: Заев и Димитров со своите изјави ги вознемируваат Грците

На неформалниот самит на министрите за одбрана од ЕУ во Виена, грчкиот министер за одбрана и лидер на десничарската партија „Независни Грци“, Панос Каменос, порачал дека споменувањето македонска нација е спротивно на кој било договор и го прави бесен грчкиот народ, кој ќе го има и последниот збор, без разлика на референдумот и уставните измени во Македонија, соопшти грчкото министерство за одбрана.

„Во неговото обраќање, истакна дека функционерите на Скопје, нивниот премиер и министерот за надворешни работи, со провокативни изјави против Грција спречуваат каков било напор за изнаоѓање решение. Споменувањето „македонска нација“ е спротивно на секој договор. Единствено што постигнуваат е да го налутат грчкиот народ, кој ќе го има последниот збор, без оглед на референдумот и уставните измени во Скопје“, стои во соопштението.