сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Договорот со Грција | 38 резултати

Тезите за поткуп на пратениците пласирани и на бугарски левичарски портал

октомври 24, 2018

Бугарскиот левичарски портал „Поглед“ се приклучи на редицата онлајн-медиуми што ги објавија шпекулациите за притисоци и поткуп на пратениците во македонското Собрание. Притоа статијата објавена вчера пренесува шпекулации појавени уште од пред гласањето за почеток на уставните измени во Собранието во петокот. Статијата се повикува на информативната агенција на англиски јазик „Мина“ и на Миленко […]

Ѕанакопулос: Во соседната земја беше направен историски чекор

октомври 22, 2018

Двотретински изгласаниот предлог во македонското Собрание за почеток на уставните промени е историски чекор што ги носи двете страни поблиску до финалното- стапување во сила на Договорот од Преспа, смета портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос. -Она што се случи во соседната земја, во ПЈРМ, е историски чекор за почеток на […]

Спасовски: Ќе ги обезбедуваме пратениците се додека има причина за тоа

октомври 22, 2018

Сите пратеници кои гласаа за иницијативата за промена на Уставот се обезбедувани од полицијата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по промовирањето на новонабавената униформа наменета за припадниците на Единицата за специјални задачи денеска во касарната Илинден. – Направивме безбедносна проценка на пратениците, претежно оние кои гласаа за отпочнување […]

Арнаудов: Никој не е предавник и ништо не е ветувано за случајот

октомври 22, 2018

Пратеникот Љубен Арнаудов, обвинет за случувањата од 27 април во Собранието, денеска пред почетокот на рочиштето во Основен суд Скопје 1 изјави дека не смета оти некој е предавник и дека не знае кој стои зад завчерашното писмо, испратено до медиумите во име на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што во петокот гласаа за почнување со уставните […]

Метју Палмер денеска во Македонија

октомври 22, 2018

Заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер денеска ќе престојува во посета на Македонија. Палмер ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со претставници на политичките партии. МНР соопшти дека на средбата со Димитров ќе се разговара за евроатлантските перспективи на Република […]

Плевнелиев: Бојкотот е голема грешка на ВМРО-ДПМНЕ

октомври 18, 2018

Бојкотот на референдумот беше повеќе од очигледен. Тој е голема историска грешка на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, која застана зад него. Зошто е грешка? Затоа што кога имаме момент од историска важност, не се криеш зад отсуството на опозиција. Ако се против, требаше да ја кажат позицијата. Но тоа што водечката опозициска партија се скри зад […]

Шекеринска: Собранието има историска можност и одговорност да ја отвори вратата за НАТО

октомври 18, 2018

Собранието ја има историската можност и историската одговорност да ја отвори вратата на Македонија за членство во НАТО, вели во интервју за МИА вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска која го предводи македонскиот тим кој денеска и утре во Бисел официјално ги почнува пристапните преговори за членство на Македонија во Северноатлантската алијанса. – Доколку […]

Српски медиуми: Заев нуди амнестија во замена за двотретинско мнозинство

октомври 15, 2018

„Денот Д за Македонија“, „Историска седница на Собранието“ и „Заев понуди амнестија за двотретинско мнозинство“, се дел од насловите на многубројните новинарски текстови во Србија за денешната седница за уставните измени на македонскиот парламент. Речиси сите медиуми велат дека премиерот Зоран Заев повикал на национално помирување и дека „на највлијателната опозициска сила ВМРО-ДПМНЕ, како гест […]

За белградска „Политика“ Мицкоски е пантомимичар, а Иванов херој

октомври 10, 2018

Под насловот „Референдумски ајвар“, провладиниот српски  весник „Политика“ во вторникот излезе со коментар во кој оценува дека „наместо витешки да признаат дека референдумот пропаднал, европските, американските и НАТО функционерите го прогласиле за победа, што дополнително ги распали политичките страсти“. „Лицемерието на западните владејачки политички елити и обидот за прекројување на волјата на граѓаните на Македонија […]

Заев: Дали има мнозинство ќе се види на гласањето, но нема поткуп

октомври 9, 2018

Не се нудат пари на пратениците за да гласаат за уставните измени, а најдобрата опција во моментот е Собранието, а не предвремени избори, порача премиерот Зоран Заев пред новинарите денеска. Тој рече дека дали има двотретинско мнозинство за да се направат уставните измени ќе се види дури во процедурата во парламентот, но изрази оптимизам дека […]

Владата ги подготви уставните измени и ги испрати во Собранието

октомври 9, 2018

На вчерашната 92-седница, Владата ја донела одлуката за уставните измени, односно во Собранието да ги достави измените за кои ќе бара поддршка. Тоа се случува во период кога уште не е дефинирано дека е подготвен теренот за менување на Уставот, оти за тоа е потребно двотретинско мнозинство во парламентот, односно 80 пратеници. „Владата на РМ […]

Самарас: Им дадоа сѐ, сите ќе ги викаат само Македонци

октомври 8, 2018

Нема да дозволиме да ја продадат нашата Македонија. Јас секогаш поддржував дека не можеме на Скопје да му го дадеме името Македонија, бидејќи едноставно, од тој момент сите, официјално ќе ги нарекуваат, не Северномакедонци, Горномакедонци, туку само Македонци, рече поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, во неговиот говор пред членовите на Комората во Кавала, на свеченото […]

Хан: Не нови избори, туку градење двотретинско мнозинство во парламентот

октомври 5, 2018

Нови избори во Македонија ќе бидат одолговлекување на патот кон почетокот на преговорите со ЕУ, порачува комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан за австрискиот весник „Куриер“, велејќи дека го советувал македонскиот премери Зоран Заев да не свикува вонредни парламентарни избори, туку да изгради двотретинско мнозинство во Собранието кое би го поддржало Договорот со Грција. […]

Николоски: Пратениците што се против уставни измени не се против ставот на Мицкоски

септември 20, 2018

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што на своите профили на социјалните мрежи напишаа дека нема да поддржат уставни измени не се противат на ставот на партискиот претседател Христијан Мицкоски, туку само го пренесуваат расположението на народот, одговори потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на новинарско прашање дали ваквите искази на пратениците се одраз на нов партиски став кој […]

Двајца пратеници на „Независни Грци“ се спротивставија на Каменос

септември 19, 2018

Со различни позиции од оние на Панос Каменос, излегоа двајца пратеници од Независни Грци во однос на договорот од Преспа. Танасис Папахристопулос и Костас Зурарис во одделни интервјуа за грчките медиуми открија дека не се на иста линија со нивниот претседател, кој не го прифаќа решението меѓу Македонија и Грција и најави дека „ќе направи […]

ААВМУ: Се надминува максималното време за пропаганда за референдумот

септември 14, 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска упати предупредување до радиодифузерите дека не се почитува максимално дозволеното време за јавна пропаганда, а таа се емитува во програмски содржини каде што не е дозволено. „Не се почитува дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, вакви реклами се емитуваат и во програми во […]

ИФИМЕС: На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните

септември 14, 2018

Вкупно 63,6 отсто од граѓаните на Македонија ќе учествуваат на претстојниот референдум, а 67,3 проценти се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот од Преспа. На референдумот нема да излезат 17,4 отсто од граѓаните, додека 16,4 отсто не се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот со Грција, покажува […]

Мицкоски: Секој граѓанин да се изјасни според сопственото убедување

септември 12, 2018

По одржаните состаноци со Централниот и Извршниот комитет, а имајќи во предвид сето она што претходно го напоменав и јасниот став дека овој Договор е неприфатлив за нас, како и тоа дека се работи за надпартиско прашање, донесовме одлука секој граѓанин да постапи според сопственото убедување, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ноќеска, по завршувањето […]

МАНУ ќе прави напори да не се менува нејзиното име

септември 11, 2018

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) ќе се консултира со експерти за да се утврди дали постои можност за поголема флексибилност во однос на прашањето за преименување на оваа институција согласно одредбите од Договорот од Преспа, беше кажано вчера во научната расправа „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликација врз евроатланските интеграции на Република […]

Курц: Позитивно ќе биде да излезете на референдумот и да гласате за перспектива

септември 7, 2018

Австрија е пријател на Македонија и на целиот регион и би сакале да живееме и во заедничка иднина. Како претседавач со Европската Унија, можам да кажам дека ЕУ ќе биде комплетна кога во неа ќе биде интегриран и Западен Балкан. За Македонија решението за спорот за името ќе донесе динамика. Најпрво сакам срдечно да го […]

Страна 1 од 2