Свет Европа „Калуш оркестра“ го продаде евровизискиот трофеј за 900.000 долари за донации кон...

„Калуш оркестра“ го продаде евровизискиот трофеј за 900.000 долари за донации кон украинската војска

Фото: Принтскрин од видео на Јутјуб

Украинскиот бенд „Калуш Оркестра“ преку аукција објавена на Фејсбук го продаде победничкиот евровизиски трофеј со цел да набави средства за донација кон украинската воена армија, јавува Укринформ.

Цената на кристалниот микрофон беше проценета на 900.000 долари, коишто ќе бидат искористени за набавка на три „PD-2“ дронови за украинската војска.

„Благодариме на сите што дониравте, а особено на тимот на „Whitebit“ што го купи трофејот“, пишува бендот на официјалната страна на Фејсбук.

Инаку, „Калуш оркестра“ победија на годинешното 66-то издание на Евровизија со песната „Стефанија“.