Победа на Украина на Евросонг 2022, „Калуш оркестра“ настапуваше со душа за својата земја

Фото: Принтскрин од видео на Јутјуб

По пласманот како фаворити на првата полуфинална вечер, „Калуш оркестра“ победнички ја испеаја песната „Стефанија“ на вчерашното финале на 66-то издание на Евровизија каде се пласираа како победници со високи 631 поен.

Во знак на поддршка и солидарност кон моменталните воени случувања во Украина, беднот кому му беше дадена специјална дозвола за напуштање на државата на крај од настапот гласно ја поздрави својата земја и ја повика публиката за помош: „Ве молам помогнете и на Украина, помогнете му на Мариупол и на Азовстал сега!“

Инаку, оваа година со порака за стоп на немирите во светот најголемиот бенд на светот „Rockin 1000’“ сними специјална верзија на песната на единствената песна од Џон Ленон, „Дајте му шанса на мирот“. Изведбата беше моќна глетка за гледачите на најважната вечер на контекстот „Евросонг 2022“ поради меастралната изведба на многучлениот бенд на еден од големите плоштади во Торино, плоштадот Сан Карло по чие емитување во салата со пеење се приклучи присутната публика.

Второппласиран на вчерашното финале е британскиот пеач, Сем Рајдер чиј пласман се бележи како најдобар за Обединетото Кралство дури од 1988 година.

Со песната „Вселенски Човек“, Рајдер ги освои гласовите на жирито од каде доби 283 поени со што имаше значителна предност, но кога пристигнаа и гласовите на публиката според кои тој беше петтопласиран, заврши втор на големото финале на Евровизија 2022.

Сепак неговиот настап е голем успех, бидејќи од вкупно 25 држави пласирани во големата финална вечер, Обединетото Кралство велзе во најдобрите 10 по повеќе од 10 години и успеа да го освои второто место.

Третото место го освои Шпанија со песната „SlowMo“ во изведба на шпанската пеачка Шанел што можеше да се увиди веднаш по веселиот енергичен сценски настап.

Четвртопласирана заврши Шведска, односно Корделиа Џејкобс со песната „Држи ме поблиску“, додека петтото место го освои српската пеачка Констракта со песната „In Corpore Sano“ што заедно со песната „Умираме заедно“ на претставничката на Грција, Аманда Грегријади Тенфјорд беа едниствените држави од Балканот што забележаа место во најдобрите 10 меѓу 25-те земји учеснички.

По победата на Украина на годинешното издание, се поставува прашањето каде ќе се одржува Евровизија следната година, бидејќи според правилото вообичаено домаќин е победничката земја, но постојат и исклучоци кога една земја може да ја преземе организацијата во име на друга како во 1980 година кога Холандија презеде откако Исланд одби.

„Ќе направиме сѐ што можеме за еден ден да го организираме евровизиското шоу во украинскиот град Мариупол. Слободен, со мир и повторно изграден!“, изјави претседателот на украинската држава по вчерашната победа на Украина, Володимир Зеленски.

Нашата претставничка на Евровизија, Андреа Коевска, која во Торино настапи со песната „Circles“ и покрај одличната, емотивна изведба не успеа да се пласира во финалето.