Проверка на факти Kallxo.com: Не е вистина дека сомнителни примероци за коронавирус од Косово се...

Kallxo.com: Не е вистина дека сомнителни примероци за коронавирус од Косово се испратени во Тирана

По паниката што започна да се појавува во Косово во врска со коронавирусот, со оглед дека бројот на заболените во соседните земји е зголемен, порталот Индексонлajн се придружи на овој тренд и објави ифнормација дека некои сомнителни примероци се испратени за верификација во Тирана.

Сервисот за проверка на факти во Косово, Kallxo.com, ја провери оваа информација и дозна дека тврдењата во споменатата вест се неточни.

Имено, Косовскиот институт за јавно здравје ги демантираше вестите на Индексонлајн дека примероци  за случаи сомнителни на коронавирус се испратени во Албанија. Во изјава за Kallxo.com, портпаролката на Институтот, Ера Пирева рече дека Институтот не испратил никакви примероци до Албанија и дека денеска (11.03.2020) нема ниту еден примерок во Институтот.