Свет Балкан Кај Турција се удавија 25 бегалци

Кај Турција се удавија 25 бегалци

Најмалку 25 бегалци се удавија кај брегот на Турција, обидувајќи се да стигнат до Грција, со што се зголеми бројот на настраданите по вчерашниот бродолом.

Турската крајбрежна стража успеала да спаси 15 мигранти кај крајбрежниот град Дидим, во Југозападна Турција, Меѓу загинатите има и три деца.

Истовремено, претставници на грчката полиција соопштија дека македонските власти вовеле дополнителни ограничувања за бегалци кои сакаат да ја минат грчко-македонската граница, па сега се пуштаат само оние од градовите што се зафатени со војна. Тоа практично значи дека лицата од сирискиот град Алепо можат да преминат, но оние од главниот град Дамаск или од ирачката престолнина Багдад не можат. УНХЦР ја критикуваше ваквата селекција.

Македонската полиција соопшти дека Ирак и Сирија се сметаат за небезбедни земји и оти ако „некоја од земјите од рутата воведе нови рестрикции, тогаш и Македонија ќе биде принудена да ја разгледа можноста да ги примени на македонско-грчката граница, што вклучува и забрана за влез на мигранти од одредени области“.