Свет Јужна Кореја: Доживотен затвор за капетан на брод поради несреќа

Јужна Кореја: Доживотен затвор за капетан на брод поради несреќа

Врховниот суд на Јужна Кореја денеска ја потврди доживотната затворска казна за капетанот на ферибродот што потона минатата година, при што загинаа повеќе од 300 лица, кои оделе на школска екскурзија.

Официјалните претставници на Врховниот суд рекле дека е потврдена одлуката на нижиот суд, според која Ли Јун-сеок (70) е осуден на доживотна казна затвор поради обвинението кое вклучува и убиство.

Судот оценил дека Ли извршил убиство затоа што го напуштил бродот пред да издаде наредба за евакуација, иако тоа е пропишано со закон.