Свет Јункер: ИД е непријател број еден на Европа

Јункер: ИД е непријател број еден на Европа

Исламска држава е непријателот број еден за Европа, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Јункер потврди дека го дели истиот став со претседателот на САД дека Исламска држава е најголемата закана за светот.

– Да, ИД го сметам за непријател број еден – рече Јункер.
Претседателот на Европската комисија смета дека земјите треба да ги обединат ресурсите во борбата против ИД, оти е неопходна потесна соработка меѓу разузнавачките и специјалните служби и ја повтори идејата за создавање армија на ЕУ.

– Кога реков дека сум за формирање европска армија, бев критикуван. Сега е очигледно дека и ние треба многу да инвестираме за да создадеме реална европска политика во областа на одбраната – рече Јункер.