Свет Европа Јункер: Ако Грците гласаат со „не“ на референдумот, тоа ќе ги ослаби...

Јункер: Ако Грците гласаат со „не“ на референдумот, тоа ќе ги ослаби позициите на Атина

Гласањето со „не“ на референдумот во Грција в недела ќе ги ослаби позициите на Атина драматично, а ако се гласа „да“, тоа ќе значи – тешки преговори.

Ова на прес-конференција во Луксембург го изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

Премиерот на Луксембург, Ксавие Бетел, рече дека во разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, му објаснил дека сака луксембуршкото претседавање со ЕУ да се заснова на доверба.

– Мислам дека на луѓето треба да им биде целосно јасно за што или против што гласаат. Референдумот е и за иднината на ЕУ, еврозоната и на Европа. Референдумот ќе донесе последици бидејќи треба да ги прифатиме резултатите од него – коментираше Бетел.