Македонија ЈСП планира да ја пушти во функција жичарата на Водно до Нова...

ЈСП планира да ја пушти во функција жичарата на Водно до Нова година

Фото: Мета.мк

По речиси две години нефункционирање поради ковид-19 пандемијата, новото градско раководство денеска информираше оти планираат жичарата на Водно да ја пуштат во употреба до Нова година.

На денешниот брифинг со новинарите, новиот директор на ЈСП-Скопје Иван Илиевски рече дека се дезинфицираат кабините, се проверуваат техничките можности на жичарата и хортикултурно се уредува зеленилото по трасата, за да може да профункционира жичарата на Водно.

Инаку, и скопската градоначалничка Данела Арсовска потврди дека нема причина да не функционира жичарата на Водно, доколку се запазуваат протоколите за заштита од ковид-19.

До почетокот на ковид-19 пандемијата во земјава, до Средно Водно функционираа и автобуските линии 25 и бесплатните 25А и 25Б, кои ги превезуваа рекреативците на Водно. Сепак, од новото градско раководство денеска не беа соопштени детали дали овие автобуски линии повторно ќе профункционираат.