Свет Јапонија: Три лица загинаа во снежна бура

Јапонија: Три лица загинаа во снежна бура

Најмалку три лица загинаа во снежната бура што ја погоди Јапонија, каде во некои делови снежната покривка достигнува и до два метра.

На јапонскиот остров Хокаидо животот го изгубија две постари жени, јави јапонската новинска агенција „Кјодо“. Уште едно лице загина во сообраќајна несреќа во Хирошима.

Невремето го загрози и сообраќајот, а 100 летови на домашни линии се откажани. Претходните денови беа откажани 450 лета, од кои некои и на меѓународните линии.

Снежната бура е проследена со ветер, кој дува со брзина од 140 километри на час. Метеоролозите соопштија дека очекуваат уште снежни врнежи.