Свет Балкан Јанковиќ: Јас својата мисија ја завршив, чувајте го омбудсманот како институција

Јанковиќ: Јас својата мисија ја завршив, чувајте го омбудсманот како институција

Српскиот народен правобранител, Саша Јанковиќ, кој најави дека ќе кандидира за претседател на Србија, приреди прием по повод 10 години од постоењето на институцијата со која раководи и порача дека тој својата мисија на тоа место ја завршил.

– Србија денеска има институција – заштитник на граѓаните и таа институција го чува нивното достоинство. Чувајте го заштитникот на граѓаните, ќе ви треба – рече Јанковиќ.

На приемот не присуствуваа претставници на српската влада, ниту други државни службеници, но присуствуваа претставници на независни институции, опозициски партии и странски дипломати.

На Саша Јанковиќ на почетокот на август му истекнува вториот петгодишен мандат, но тој на крајот на минатата година најави дека ќе се кандидира на претседателските избори затоа што голем број јавни личности со јавен апел го повикаа да го направи тоа. Неговата кандидатура досега ја поддржаа Демократската партија и Новата партија на Зоран Живковиќ.