Главна секција Јанева: Се надевам дека судиите нема да трпат влијанија за нашите постапки...

Јанева: Се надевам дека судиите нема да трпат влијанија за нашите постапки и барања

Се надевам дека одлуките на судиите ќе бидат засновани на закони, а ние будно ги следиме случувањата околу судството, изјави специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, која денеска присуствуваше на дебатата „Судско одмерување на казните и практична примена на алтернативните мерки во македонското законодавство“.

– Будно ги следиме овие случувања околу судството, како институција која е зависна од судските одлуки. Што се однесува до нас, ние се надеваме дека личниот и професионалниот интегритет на судиите ќе дојде до израз во оваа ситуација и дека нивните одлуки ќе бидат засновани на закон и на нивен личен интегритет и дека нема да трпат влијание во однос на нашите постапки и барања – вели Јанева.