Македонија Јанева достави барање за комплетирање на тимот обвинители

Јанева достави барање за комплетирање на тимот обвинители

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, доставила допис до Советот на јавни обвинители за избор на преостанатите седум членови од нејзиниот тим, неофицијално дознава „Мета“.

Утрово, пак, во 10 часот, почна состанокот на Советот на јавни обвинители на кој, како што вчера најави претседателот, Петар Аневски, ќе се расправа по други точки, но остави простор да се одлучува и за изборот на помошниците-обвинители.

Од службите во Советот соопштија дека седницата е од затворен тип и не им дозволија на новинарските екипи да присуствуваат на неа. Тие најавија изјава на претседателот на Советот за подоцна.