Свет Свет Извлечени 162 тела на мигранти од Средоземното Море

Извлечени 162 тела на мигранти од Средоземното Море

Египетските власти денеска соопштија дека до сега се извлечени 162 тела на мигранти од Средоземното Море, а се стравува дека бројката е поголема, бидејќи пред три дена се првертел брод недалеку од египетското крајбрежје.

Бродската несреќа се случила 12 километри од градот Розета, а се проценува дека на бродот се наоѓале од 450 до 600 мигранти.

Од нив 150 преживеале, а меѓу жртвите имало многу жени и деца. Спасувачката акција се уште трае.