Економија Израелски компании заинтересирани за инвестиции во земјоделството

Израелски компании заинтересирани за инвестиции во земјоделството

Премиерот Никола Груевски и министрите Никола Попоски и Џери Наумоф, кои се во посета на Израел, учествувале и се обратиле на бизнис-форум во Ерусалим.

На форумот имало претставници на израелски компании од областа на земјоделството, енергетиката, туризмот и од областа на медицината.

Владината делегација ги презентирала условите за инвестирање и за водење на бизнис во Македонија.

Членот на Израелската комора на индустријалци, Шломо Гризани, најавил соработка со македонски компании од областа на земјоделството, инвестирање во технологија, човечки ресурси, но и во туризмот.

За следната година се најавиле и чартер-летови меѓу двете земји.