Свет Израелски авиони бомбардираа сириски воени бази

Израелски авиони бомбардираа сириски воени бази

Израелската армија изврши воздушни напади врз сириски и цели на либанскиот Хезболах на границата меѓу Сирија и Либан.

Како што јавуваат израелските медиуми, мета на нападите биле бригадата на сириската армија задолжена за стратешко оружје и ракети со голем дострел.

Арапските медиуми јавуваат дека мета на нападите биле сириските магацини за оружје.
Израел засега не ги коментира медиумските информации.