Свет Израелската војска убила двајца Палестинци

Израелската војска убила двајца Палестинци

Израелската војска убила двајца Палестинци кои со нож полесно раниле еден војник. Инцидентот се случи на контролен пункт кај Хеброн.

Поради празник, Израел ги засили безбедносните мерки во Хеброн и го затвори Западниот Брег. Од тие причини илјадници Палестинци не можат да стигнат на работа.

Во бранот насилства, од октомври 2015 година, убиени се 190 Палестинци и 28 Израелци.