Свет Израел нападна складишта на ракети во Сирија

Израел нападна складишта на ракети во Сирија

Израелските воздухопловни сили нападнаа складишта на ракети во Сирија за време на викендот, целејќи кон повеќе воени локации на кои наводно има оружје.

Нападот е изведен кај градот Хомс и, наводно, направена е голема штета. Во извештајот се наведува дека сирискиот одбранбен систем идентификувал израелски авион во својот внатрешен простор, но дека одбраната не реагирала.

Израелските медиуми пишуваат дека нападот се случил пред два дена и дека се гаѓани складишта со оружје на Хезболах во подрачја каде што се антените на сирискиот радарски систем.

Портпаролот на израелската армија ништо не коментира, повикувајќи се на практиката на молчење на израелската војска за операциите во Сирија и во Либан.