Свет Израел: Доживотна казна затвор за убиство на девојка на парада на гордоста

Израел: Доживотна казна затвор за убиство на девојка на парада на гордоста

Судот во Ерусалим го осуди Јишај Шисел на доживотна казна затвор поради убиство на девојка на минатогодишната парада на гордоста, јавуваат светските медиуми.

Шисел лани со нож ѝ нанесе фатални повреди на 16-годишна девојка на парадата на гордоста во Ерусалим и рани уште седум лица.

Покрај доживотната затворска казна, окружниот суд во Ерусалим на обвинетиот му одредил и дополнителни 31 година затвор.

Шисел неколку недели пред нападот излегол од затвор, каде издржувал казна за напад со нож на повеќе лица за време на парадата на гордоста во 2005 година.