Свет Свет Израел донесе закон кој ќе го блокира ослободувањето затвореници

Израел донесе закон кој ќе го блокира ослободувањето затвореници

Кнесет

Израелскиот парламент го усвои законот кој би можел да го блокира ослободувањето на палестинските затвореници обвинети за убиство во некои идни мировни преговори, соопшти портпаролот на парламентот.

Израелскиот парламент, Кнесет, доцна синоќа, со 35 гласови „за“ и со 15 „против“, го донесе законот што го предложи една од партиите од десницата, а владата го одобри во јуни.

Законот им дава овластување на судиите да ги осудат убијците врз основа на новата одредба, „извонредно тешки околности“, што би ја спречило владата да ги ослободи во некои идни договори.

Израел, во периодот од јули 2013 година до април годинава, ослободи 78 палестински затвореници, од кои многумина се осудени за убиство на цивили. Ослободувањето беше направено во рамки на неуспешните мировни преговори.