Македонија Изминативе три дена регистрирани 899 нови случаи на ковид-19, оздравеa 670 пациенти

Изминативе три дена регистрирани 899 нови случаи на ковид-19, оздравеa 670 пациенти

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во периодот од 15 до 17 јули направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 470, Битола – 75 и Кавадарци – 50.

Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (899), регистрирани се 201 реинфекција.

Во изминатово деноноќие регистрирани сe 670 оздравени пациенти од ковид-19.

Во текот на изминатите 3 дена не е пријавено ниту едно починато лице согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.

Досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи во моментов изнесува 2.719.