Македонија Изминативе три дена регистрирани 147 нови случаи на ковид-19, пријавени се 5...

Изминативе три дена регистрирани 147 нови случаи на ковид-19, пријавени се 5 починати лица

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) направени се 3.722 тестови, а регистрирани се 147 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 84, Битола – 15 и Кавадарци – 12. Од вкупниот број на позитивни (147), регистрирани се 24 реинфекции.

Регистрирани сe 238 оздравени пациенти од ковид-19 во изминативе три дена.

Во текот на изминатите 3 дена (од 22.04 до 24.04.2022) се регистрирани 2 починати лица од Куманово (78г) и Тетово (80г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително се регистрирани 3 починати лица од Скопје (77г), Битола (73г) и Прилеп (65г). Од нив, две лица се починати во домашни услови и едно во болнички услови, регистрирани во период од 03.04 до 19.04.2022.

Досега во земјата се направени вкупно 2.011.275 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.208, бројот на оздравени пациенти е 299.302, на починати е 9.276, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 630.