Економија Изградбата на патот Градско – Дреново е проект на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата

Изградбата на патот Градско – Дреново е проект на ВМРО-ДПМНЕ, велат од партијата

Средствата во висина од 35,4 милиони евра за изградба на делницата Градско – Дреново во должина од 15 километри, беа обезбедени уште пред СДС и Сугарески да дојдат на власт, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Од партијата велат дека „тендерот за изградбата на делницата беше објавен и заради законските рокови се чекаше да заврши процедурата и да се избере најповолен понудувач.“

„За СДС е секојдневие да се фалат со проекти кои ги има реализирано и започнато ВМРО-ДПМНЕ. СДС и Сугарески за изминатите 80 дена, ниту нешто имаат започнато, ниту нешто имаат рализирано како проект. СДС и Сугарески наместо да се фалат и да одржуваат прес-конференции за туѓи проекти, треба да ги засукаат ракавите и да се фатат за работа“, се вели во соопштението.

Во него се додава дека „СДС и Сугарески поради нивната неспособност, не можат да го пуштат во употреба ниту завршениот автопат Демир Капија – Смоквица, проект кој беше реализиран и завршен во времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт.“