Видео Изгоре базиликата во Нант

Изгоре базиликата во Нант

Голем пожар ја зафати денеска базиликата Сен Донатијан од 19 век во Нант, на западот на Франција, и целосно го уништи покривот на базиликата.

Пожарот избил во утринските часови, по мисата, а верниците се евакуирани, соопшти за локалните медиуми, свештеникот Беноа Бертран.

Околу 40 пожарникари се ангажирани за гаснење на пожарот.

Никој не е повреден во огнот иако во моментот кога избил пожарот, на покривот се наоѓале работници што го поправале.

– Истрагата со сигурност ќе утврди, но работите на покривот, судејќи пo сè, биле причина за несреќата – рече градоначалникот на Нант.