Свет Европа Италијанското обвинителство ги отфрли обвиненијата против синот на Ердоган

Италијанското обвинителство ги отфрли обвиненијата против синот на Ердоган

Билал Ердоган, синот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, е ослободен од кривично гонење за перење пари, соопшти денеска италијанското обвинителство.

Билал, кој во меѓувреме се врати во Турција, ги негираше обвиненијата.

Обвинението против Билал Ердоган (35) дека бил вмешан во перење пари додека студирал во Италија, прв го изнесе Мурат Хакан Узан, кој моментално живее во Италија, а е член на едно од најбогатите турски семејства и противник на Ердоган.