Свет Европа Италија: Уапсен Албанец осомничен за тероризам

Италија: Уапсен Албанец осомничен за тероризам

Италијанската полиција вчера уапсила четири лица осомничени дека се поврзани со терористички групи, јавуваат денеска албанските медиуми, наведувајќи дека еден од уапсените е државјанин на Албанија.

Дваесетгодишниот Албанец, кој требало да замине за Малта, бил ставен на листата на лица со висок степен на опасност за извршување терористички акти.

Според извештаите на медиумите, покрај Албанецот, полицијата уапсила еден Сириец и двајца Малтежани. Уапсените поседувале фалсификувани италијански лични документи и дозволи за престој.