Свет Балкан Истанбул: Еден загинат во експлозија на метро-станица

Истанбул: Еден загинат во експлозија на метро-станица

Едно лице загина, а неколку се повредени при експлозија на истанбулската метро-станица Бајрампаша, јавува локалната телевизија „Хабер Турк“.

Корисниците на социјалните мрежи објавија разни фотографии од евакуацијата на метро-станицата, додека локалните медиуми јавуваат дека возовите се сопрени.

Според извештаите на турските медиуми, не станува збор за терористички напад, туку за експлозија на трансформатор за струја.