Македонија Искршени стакла на изборен штаб на Беса во Скопје Север

Искршени стакла на изборен штаб на Беса во Скопје Север

Ноќта меѓу саботата и неделата биле искршени две стакла на излогот на изборниот штаб на Беса на улицата Тале Христов во скопската населба Скопје Север и биле искинати шест плакати, соопшти СВР Скопје.

Настанот  бил пријавен вчера. Полицијата вели дека работи на расчистување на случајот.