Свет Балкан Исклучена струјата во базата Инџирлик

Исклучена струјата во базата Инџирлик

Локалните турски власти го спречуваат влезот и излезот од воздухопловната база Инџирлик во близина на градот Адана, каде што е исклучена електричната енергија, соопшти конзулатот на САД.

Конзулатот ги предупреди американските државјани да ја избегнуваат таа воена база сè додека не биде воспоставено нејзино нормално функционирање.

Воената база Инџирлик е база на единиците на турското воено воздухопловство, како и на американските воздухопловни единици кои се состојат од околу 1.500 американски војници и цивили.

Од оваа воена база полетуваат американските воени авиони кои спроведуваат воздушни напади на позиции на Исламска држава во Сирија и во Ирак.

Пентагон соопшти дека ги презема сите неопходни чекори да за ја осигури безбедноста на американските војници, цивили и на нивните семејства.