Македонија Исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, вели Владата

Исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, вели Владата

Владата на Република Македонија по преговорите во Њујорк со посредништво на Метју Нимиц порача дека посветена на решавање на спорот кој  Република Грција го има со уставното име на Република Македонија.  Во соопштението се вели дека се создаваат услови за напредок, но за да дојде до тоа мора да има подготвеност за компромис на двете страни.

„Активно се создаваат услови за придвижување на процесот напред, а исходот ќе зависи од подготвеноста за компромис на двете страни, имајќи ги предвид разликите. Остава добар впечаток обновената комуникација, која отвора простор за пријателски пристап и градење обострана доверба“, се вели во соопштението.

Владата порача дека по внимателна анализа на рамката што Нимиц ја презентирал пред преговарачите во Њујорк „согласно значењето на прашањето за државните интереси, ќе продолжи процесот за градење на што е можно поширок и поинклузивен став од страна на Република Македонија“.

Инаку, македонскиот преговарач Васко Наумовски вчера за Сител по средбата изјави дека предлозите изнесени од медијаторот Метју Нимиц се „далеку од достоинствено решение“.