Свет Индија: 27 загинати во сообраќајна несреќа

Индија: 27 загинати во сообраќајна несреќа

Најмалку 27 лица, меѓу кои едно дете, загинаа кога автобус со кој се превезувале паднал во бездна на истокот на Индија, соопшти денеска полицијата.

Уметнички ансамбл, во кој имало 40 уметници, се враќал од претстава доцна синоќа, кога нивниот автобус слетал од планинскиот пат во бездна длабока 76 метри во областа Деогарх, во државата Одиша.

– Загинаа 27 лица, а околу 11 се повредени. Меѓу загинатите има едно дете – соопшти шефот на локалната полиција, Шарах Шарма.

Истрагата е во тек, а Шарма соопшти дека според досегашните информации, возачот на автобисот влегол пребрзо во свиок.

Спасувачите со јажиња морале да ги извлечат повредените. Според податоците на Светската здравствена организација, во Индија во сообраќајни несреќи годишно гинат повеќе од 200.000 лица.