Здравје Има опасност од појава на епидемија од морбили, родителите да ги вакцинираат...

Има опасност од појава на епидемија од морбили, родителите да ги вакцинираат децата, порачува КЗБ

CDC/NIP/Barbara Rice, Public domain, via Wikimedia Commons

Членовите на Комисијата за заразни болести денеска се состанале и дискутирале за респитаторните вируси кои циркулираат периодов. Меѓудругото, оттаму апелираат и родителите да ги вакцинираат децата против морбили затоа што процентот на вакцинирани деца против оваа болест е далеку под посакуваниот.

„Во моментов нема потврден случај на морбили, со што е безбедно децата од понеделник да се вратат во училиштата“, велат од Комисијата.

Во однос на актуелните респираторни вируси, оттаму додавааат дека има ковид, вирусна инфлуенца и аденовируси, но состојбата не била загрижувачка.

Институтот за микробиологија започнал со тестирања за ковид пациенти што, според нив, било сосема доволно за потребите во овој период.

До крајот на неделата треба да има резултати од секвенционирањето на позитивните примероци од ковид и тогаш ќе се знае дали во земјава е присутен сојот „кракен“.