Свет Илјада демонстранти на улиците на Хонг Конг

Илјада демонстранти на улиците на Хонг Конг

Демонстрантите меѓу кои најбројни се студентите, од 28 септември се на улици во Хонг Конг

Околу илјада демонстранти маршираа денеска до кабинетот на кинеската влада во Хонг Конг, барајќи измена на регулативите за избор на лидер во тој град.

Демонстрантите, меѓу кои најбројни се студентите, од 28 септември се на улици во Хонг Конг и блокираат три главни раскрсници во таа азиска финансиска престолнина.

Тие бараат слободни избори за првиот човек на Хонг Конг во 2017 година и бараат директни разговори со Пекинг бидејќи разговорите со локалните хонгконшки власти не дадоа никаков резултат.