Главна секција Илир Мета во Скопје: Блокадата на Бугарија кон Северена Македонија е неправедна

Илир Мета во Скопје: Блокадата на Бугарија кон Северена Македонија е неправедна

Илир Мета, претседател на Албанија. Фото: Абедин Исмаили / Порталб.мк

Блокадата на Бугарија кон Северна Македонија во однос на интеграцијата на земјата во Европската Унија, претседателот на Албанија Илир Мета ја смета за неправедна. Во изјава за Порталб.мк тој рече дека сепак е оптимист дека овој спор наскоро ќе биде затворен.

Претседателот на Албанија Илир Мета вчера во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје (ИДКНАМ) одржа предавање на тема „Албанците во новиот милениум – предизвици и перспективи“, пред студентите на Универзитетот во Тетово, „Мајка Тереза“ и УЈИЕ.

Тој рече дека Северна Македонија постигнала напредок на евроинтегративниот пат, додека Албанија е во застој.

„Правично е Северна Македонија што поскоро да ги отвори преговорите со Европската Унија, бидејќи таа стана пример во регионот. Албанија стагнира, иако Албанија не мораше да го смени името или да ги регулира односите со соседите“, рече Мета.

На прашањето на Порталб.мк дали Албанија треба да го продолжи процесот на евро интеграции сама, а не во пакет со РСМ, Мета одговори дека посакува двете земји да не се поделат на ова патување.

„Сакаме нашите земји да се интегрираат заедно и за ова не треба да чекаме туку да работиме“, рече тој.

Меѓу другото, Мета рече дека заедничка перспектива на Албанците и на сите земји од западниот регион е регионалната соработка и интеграцијата во Европската Унија.

Зборувајќи за успешната билатерална соработка, Мета го спомена примерот на соработка на три научни институти од Албанија, Косово и Северна Македонија. Тој истакна дека таков пример треба да го следат и универзитетите од нашите земји, да ја зголемат соработката за да им овозможат на студентите од двете земји олеснувања за студирање и меѓусебна размена.

На предавањето присуствуваа и амбасадорот на Албанија во РСМ, Фатос Река и в.д. амбасадорот на Косово во Скопје, Приндон Садриу.