Главна секција Игра на нерви и партиско надмудрување со распуштањето на Собранието

Игра на нерви и партиско надмудрување со распуштањето на Собранието

Повеќето парламентарни партии денеска ненадејно се согласија дека Собранието треба да се распушти и дефинитивно да се забетонира датумот 11 декември за одржување на предвремените избори.

Турбулентниот политички ден почна со најавата на СДСМ дека ќе побара гаранции за одржување на изборите. Веднаш врати ВМРО-ДПМНЕ со инсистирање СДСМ да поднесе барање за распуштање на Собранието, што за повеќе од еден час и се случи. Во меѓувреме, и Демократскиот сојуз поднесе предлог-одлука за распуштање на законодавниот дом.

Според објавите на „Мета“, настаните се одвиваа со овој редослед:

10.10 часот: СДСМ презема чекори за 11 декември да се бетонира како ден за изборите;

11.02 часот: ВМРО-ДПМНЕ го повика СДСМ веднаш да достави барање за распуштање на Собранието;

11.34 часот: Демократски сојуз достави предлог-одлука за распуштање на Собранието;

12.49 часот: СДСМ побара Собранието да се распушти, ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа „за“.

14.53 часот: Да го изгласаме буџетот, па ќе го распуштиме Собранието, му порача ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ