Свет Балкан Игор Лукшиќ ја повлече кандидатурата за генерален секретар на ОН

Игор Лукшиќ ја повлече кандидатурата за генерален секретар на ОН

Кандидатот на владата на Црна Гора за генерален секретар на ОН, Игор Лукшиќ, денеска ги известил претседателот на Генералното собрание на ОН, Моргенс Ликетофт, и претседателот на Советот за безбедност на ОН, Рамлан бин Ибрахим, дека ја повлекува својата кандидатура за местото генерален секретар.

Во трката останува Португалецот Антонио Гутереш, кој доби најголема поддршка, но две држави „не ја охрабрија“ неговата кандидатура. Веднаш зад него е поранешниот шеф на српската дипломатија, Вук Јеремиќ, чија кандидатура ја поддржаа осум земји, четири „не ја охрабрија“ неговата кандидатура, а три беа воздржани.

Единствена жена меѓу водечките кандидати, според резултатите од вториот круг гласање, е шефицата на аргентинската дипломатија, Сузана Малкора, која доби поддршка од осум земји, но шест гласаа против.
Во трката остануваат и кандидатот на Македонија, Срѓан Керим, Наталија Герман од Молдавија, Хелен Кларк од Нов Зеланд, Мирослав Лајчак од Словачка и Кристина Фигерес од Коста Рика.