Свет Идентификуван осомничениот за експлозијата во Њујорк

Идентификуван осомничениот за експлозијата во Њујорк

Њујоршката полиција верува дека 28-годишниот Ахмад Кан Рахами е одговорен за експлозијата на импровизирана бомба на Менхетен. Ова го соопшти претставникот на полицијата, Питер Доналд.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, истакна дека осомничениот е идентификуван и дека се работи за натурализиран Американец кој пораснал во Њу Џерси.

Тој додаде дека осомничениот е вооружен и опасен.

Њујоршката полиција ја објави и неговата фотографија.

Во експлозијата на импровизирана експлозивна направа, направена од експрес-лонец, жици и од мобилен телефон, повредени беа 29 лица, а потоа биле пронајдени уште две идентични бомби во близина.