Свет ИД ја презема одговорноста за нападот на коптите

ИД ја презема одговорноста за нападот на коптите

Исламска држава ја презема одговорноста за нападот во Египет врз коптските христијани, пренесе агенцијата „Амак“, која е блиска до ИД.

„Отсекот за безбедност на Исламска држава вчера изврши напад на автобус со копти“, објави ИД.

Последниот биланс од нападот е 29 жртви, соопшти кабинетот на премиерот на Египет, Шериф Исмаил. Министерството за здравство вчера соопшти дека помеѓу жртвите има и голем број деца.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вооружените и маскирани напаѓачи од три комбиња го нападнале автобусот кој патниците ги превезувал до манастирот Свети Самуел, околу 200 километри јужно од Каиро.