Дописници Хуманитарен турнир во мал фудбал за помош на Евица Бојаџиева

Хуманитарен турнир во мал фудбал за помош на Евица Бојаџиева

Хуманитарен турнир во мал фудбал се одржа денеска во Штип, на кој учесниците донираа средства за помош на лекарката Евица Бојаџиева, која боледува од рак.

Организар на турнирот, на кој учествуваа дваесетина екипи, беше музичарот и спортски работник од Штип, Мирче Кикиритков.

Со парите што досега беа собрани, д-р Бојаџиева замина на лекување во Кина, каде, како што велат од семејството, веќе почнала да ја прима терапијата.

Хуманитарната акција за помош на Бојаџиева подолжува за да се соберат остатокот средства потребни за нејзино лекување.

В.К.