Главна секција Хронологија на еден неславен рекорд: 25 години тргни – застани на пругата...

Хронологија на еден неславен рекорд: 25 години тргни – застани на пругата кон Бугарија

Изградбата на железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија е своевиден рекордер по нереализираните ветувања кај капиталните проекти од инфраструктурата. Со своја историја на неуспешни обиди за изведба, оваа пруга влече неславна историја уште од крајот на деветнаесеттиот век.

„Мета.мк“ се обиде да ја прикаже хронологијата на неуспехот на изградбата на пругата меѓу Куманово и Деве Баир единствено во годините од осамостојувањето на нашата земја до денешен ден.