Македонија Храна и вода за новинарите што ја следат средбата Хан-Груевски-Заев

Храна и вода за новинарите што ја следат средбата Хан-Груевски-Заев

Повеќе од три часа трае средбата на еврокомесарот Јоханес Хан со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, во резиденцијата на Европската унија на Водно.

Новинарските екипи немаат пристап во резиденцијата и средбата ја следат од улица.

По повеќечасовно чекање, од мисијата на ЕУ на новинарите, фоторепортерите и на камерманите им донесоа храна и вода.

Ваквиот потег предизвика дилеми кај новинарите дали средбата ќе трае уште долго.