Главна секција Холандска амбасада: СЈО игра клучна улога и потребна е поддршка од сите...

Холандска амбасада: СЈО игра клучна улога и потребна е поддршка од сите вклучени страни

Специјалното јавно обвинителство игра клучна улога во овој процес, за што му е потребна постојана поддршка од сите вклучени страни, реагираа од Амбасадата на Кралството Холандија откако Собранието не ги изгласа измените што ги бараше СЈО во законите за заштитени сведоци и за СЈО и тие не добија поддршка од владејачкото мнозинство.

„Холандија секогаш се залага за отчетност како еден од основните услови за враќање на довербата во политичкиот систем на државата. Специјалното јавно обвинителство игра клучна улога во овој процес, за што му е потребна постојана поддршка од сите вклучени страни, за непречено да ја исполни својата мисија, како што и беше договорено од политичките лидери, за доброто на Македонија, нејзините граѓани и нејзината иднина“, соопштија од амбасадата.

Претходно за недонесувањето на законите реагираше и  Делегацијата на ЕУ во Македонија, од каде ги повикаа потписниците на Договорот од Пржино да се придружуваат до договореното и да ја поддржат работата на СЈО.