Свет Европа Хан: Во 2016 Србија ги почнува преговорите со ЕУ

Хан: Во 2016 Србија ги почнува преговорите со ЕУ

„Србија со премиерот Вучиќ стана фактор на стабилност во целиот регион. Неговиот придонес за помирување, како неодамна со БиХ и со Албанија, треба да биде признаен“, изјави еврокомесарот за проширување Јоханес  Хан.

Тој нагласи дека најновиот напредок во дијалогот со Косово треба да ја отстрани последната препрека на патот кон почеток на преговорите со ЕУ.

– Искрено се надевам дека на почетокот на 2016 година ќе бидеме подготвени и Советот ќе даде зелено светло. Интензивно се ангажирав за тоа, додаде еврокомесарот.