Македонија Хан утре во Македонија, ќе го започне скринингот за почеток на разговорите...

Хан утре во Македонија, ќе го започне скринингот за почеток на разговорите со ЕУ

Комесарот за соседска политика и проширување на Европската комисија Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија, со што почнува скрининг процесот на земјата за отпочнување преговори за членство во Унијата.

Според агендата, Хан изутрина ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Еврокомесарот Хан ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието. По завршување на средбите во Скопје, утре попладне ќе замине за Тирана.

Премиерот Зоран Заев во петокот на средбата со претставници на граѓанските организации изјави дека со доаѓањето на Хан во Скопје почнува скрининг процесот.

– Целта е на владина сесија да ги отвориме процесите, а тоа значи дека час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките тимови за процесот за кој е многу важно колку време ќе потрошиме – рече Заев.