Главна секција Хан со препорака да почнат преговоритe со Македонија

Хан со препорака да почнат преговоритe со Македонија

Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан, презентирајќи ги пакетот за проширување на ЕУ, денеска во Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) препорача веднаш да почнат преговори со Северна Македонија и Албанија.

Тој земјава ја нарече „светол пример“ за другите земји.

-Северна Македонија и Албанија продолжија со реформите, а Северна Македонија исто така постигна решение за долгогодишниот спор со Грција, но и Договор за добрососедство, што е светол пример за другите земји – Хан.

Тој потоа рече дека бидејќи двете земји напреднале со реформите, Европската комисија бара да почнат преговорите за зачленување.