Главна секција Хан побара аболицијата да се укине за сите

Хан побара аболицијата да се укине за сите

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан ја критикуваше одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за повлекување на аболицијата за само 22 лица.

„Одлуката на претседателот Иванов да ја поништи аболиција на одреден број луѓе не е доволно. Како што ЕУ истакна во повеќе наврати, сеопфатно решение е клучот за да се избегне селективната правда“, напиша Хан на „Твитер“.

Претседателот Иванов денеска ја поништи одлуката за аболиција на 22 политички експонирани лица, додека останатите од 56 аболирани ќе треба индивидуално да поднесат барање за поништување, доколку се одлучат за тоа.

Одлуката на Иванов ја искритикуваа и САД.