Македонија Хамас киднапирал девојка со македонски корени, се апелира за помош и од...

Хамас киднапирал девојка со македонски корени, се апелира за помош и од македонска страна

За ситуацијата алармира Рашел Леви Друмер, професорка од Израел што е родена во Скопје, обраќајќи се на македонски јазик

Фото: исечок од прилогот на „Гласот на Америка“

Наама Леви, 19-годишна Израелка со одредени македонски корени, која била борец за мир и контактирала со Палестинците и се борела за мирни разговори меѓу двете страни во Израел, била киднапирана од палестинското милитантно движење Хамас во првичниот серијал жестоки напади и упади во Израел извршени од Хамас, јави „Гласот на Америка“ во својот сервис на македонски јазик.

За ситуацијата алармира Рашел Леви Друмер, професорка од Израел што е родена во Скопје, обраќајќи се на македонски јазик.

„Таа се бореше да зборува и да се направат контакти со нашите соседи, со луѓето од Газа. И таа е киднапирана, има слики како е жива. Се гледа дека била силувана, по крвта. Се надеваме, они (семејството на Наама) ме замолија за некаква помош, можеби поради тоа што има прабаба од Македонија, би можело нешто да се направи во таа релација“, вели професорката Друмер во своето обраќање преку „Гласот на Америка“.

Се смета дека во Газа се држат речиси 200 заложници киднапирани од Хамас на 7 и 8 октомври.