Свет Европа Хакери украле повеќе од 20 милиони фунти од британски граѓани

Хакери украле повеќе од 20 милиони фунти од британски граѓани

Британската полиција ги предупреди сите корисници на интернет-банкарството да бидат особено внимателни затоа што откриле дека хакери украле повеќе од 20 милиони фунти од сметки на британски граѓани.

Националната агенција за криминал (НКА) вели дека хакерите создале особено опасен вирус „дридекс“, кој може да преземе контрола над нечиј компјутер.

Се претпоставува дека со вирусот се заразени повеќе илјади компјутери во Велика Британија. НКА објави дека засега е уапсено едно позначајно лице во овој случај и оти истрагата сè уште е во тек, а се очекуваат и уште апсења.