Македонија Амбасадорите на Ахмети му ја потврдиле поддршката за формирање на новата влада

Амбасадорите на Ахмети му ја потврдиле поддршката за формирање на новата влада

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во тетовска Мала Речица остварил средба со амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет, на Холaндија, Ваутер Пломп, на Шведска, Матс Стафансон, и со Марко Акватичи, од aмбасадата на Германија, соопшти партијата.

„На средбата гостите го поздравија изборот на претседателот од парламентарното мнозинство на Собранието на Македонија и ја потврдија целосната поддршка од страна на ЕУ во однос на формирањето на извршните органи, за земјата преку нова и реформска влада да го продолжи што поскоро патот на интегративните процеси кон ЕУ и кон НАТО“, информира ДУИ.